Гужва за викендот: Еве колку се чека за излез од земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање еден час, за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција). После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This