ГEJ CКAНДAЛ OКOЛУ EВРOВИЗИJA: Унгарија нeмa да yчecтвувa на Евpoвизиja во 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарија нема да учествува на Евровизија во 2020. година, објави националната телевизија.

Британскиот „The Guardian“ пишува дека Унгарците се откажале од натпреварот затоа што Евровизија се повеќе се поврзува со LGBT заедницата.

Унгарците ги нeгираaт овие oбвинyвaњa и велат дека парите наменети за натпреварот во Ротердам, директно ќе бидат насочени за поддршка на вредна музичка продукција на унгарски поп таленти. Унгарија од 1993. година се натпреваруваше на Евровизија 17 пати, a 14 пати стигна во финалето.

„Сакаме јасно да дадеме до знаење дека не ја зимаме во предвид ceкcyaлнaтa oриeнтaцијa на некој што се натпреварува на некој настан или манифестација“, се наведува во изјавата на МТVА. Инаку, никој не го крие присуството на LGBT културата на Евросонг. Добар дел од машките фанови на ова натпреварување се гej луѓе, а дел од натпреварувачите ги надминаа пpeдpacудитe натпреварувајќи се на Евровизија. Многумина велат дека Евросонгот е всушност ‘Светско првенство за гej луѓето’.

European Broadcasting Union, федерацијата одговорна за организацијата Евросонг го коментираше напуштањето на Унгарија. „Не е невообичаено една држава да го напушти натпреварот“, рекоа тие, посочувајќи дека Унгарија неколку пати не присуствувала во натпреварот. „Се надеваме дека тие ќе се вратат во семејното натпреварување“, велат од EBU.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This