Дали во новите двojазични лични документи ќe cтои и eтничкaтa пpипaднocт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ќе испрати до пратениците текстови на законски измени со кои ќе се утврди обврската на личните карти, возачките и сообраќајните дозволи, патните исправи и други документи да се печати двојазично и со новото име на држaвата.

Во соопштението од седницата меѓу другото се наведува дека на Владата ги утврдила текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, заради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,’Република Македонија’ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Предлог-законите за изменување ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.

Но, во соопштението не се споменува ни збор за тоа дали во личните карти ќе се вметне и етничката припадност на граѓаните, што, пак, е официјално барање на владиниот коалиционен партнер БЕСА. Уште на почетокот на минатиот месец медиумите пишуваа дека Владата настапува внимателно околу предлогот на БЕСА и оти за тоа ќе се консултира со своите странски партнери од ЕУ.

Ставањето на етничката припадност во личните карти, како што тогаш пишуваа медиумите, било договорено и ставено во соопштение од една од владините седници уште пред две ипол години, односно уште пред да биде потпишан Преспанскиот договор, а со БЕСА тоа било договорено за предизборното коалицирање на последните предвремени парламентарни избори.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This