ДАЛИ И РУСКОВСКА PEKETИPAЛА?: Зошто Русковска не ја oбжaли одлуката за ocлoбoдyвање од пpитвop на пратениците кои гласаа за „Северна“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред само неколку дена Илија Димовски имаше изјава кога ја потpece македонската јавност. Димовски во дебатна емисија на Телевизија 24 истакна дека тој и уште 15 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на уцена преку правосудниот систем.

 

-Кои истраги, оние кои ги користевте за уцени на политичари – праша Димовски.
– Кого сме уценувале, праша Зекири.
– Мене… мене лично. 15 пратеници од ВМРО се предмет на уцена.
– Не се предмет на уцена, се предмет на истрага, изјави Зекири.
– Со директна уцена, одговори Димовски.
– Излезете кажете кој и за што ве уценуват, посочи Зекири.
– Полека…има време, одговори Димовски.

Да се потсетиме дека прв пат почна да се говори за уцена на опозициските пратеници кога требаше да гласа промената на името спротивно на волјата на народот кој референдумот за промена на името масовно го бојкотираше. За промена на името на државата, односно најпрвин за отворање на уставот гласаа 8 пратеници од опозицијата кои подоцна ја формираа независната пратеничка група.

Пратеници ко гласаа ЗА отпочнување на постапката за промена на уставот беа:
Крсто Мукоски, ВМРО – ДПМНЕ – обвинет за 27 април
Љубен Арнаудов, ВМРО – ДПМНЕ – обвинет за 27 април
Сашо Василевски, ВМРО – ДПМНЕ – обвинет за 27 април
Елизабета Канческа Милевска, ВМРО – ДПМНЕ – обвинета од СЈО
Владанка Авировиќ, СПМ – чиј син, Василије Авировиќ, е осуден на три години затвор, обвинет од СЈО во случајот „Труст“
Зеќир Рамчиловиќ, Здружение АВАЗ, протестираше против постапката на СЈО за Сеад Кочан
Нола Исмајловска Старова, ВМРО – ДПМНЕ
Емилија Александрова, ВМРО – ДПМНЕ

Од листата на пратеници кои гласаа за промнеа името се гледа дека дури 6 пратеници биле директно под притисок на правосудсните органи па одтаму се поставува прашањето дали можеби 6 од 15 пратеници за кои говорите Димовски дека биле уценувани се овие кои гласаа за Северна?

Аферата Рекет „експлодираше“ во македонската јавност пред само неколку месеци, од аферата разбравме дека Катица Јанева тргувала со правото, односно ја злоупотребувала својата положба како Специјален Јавен Обвините за да оствари финансиска корист. Да не заборавиме на синхронизираното делување на Јанева со власта, па оттаму се поставува прашањето дали таа покрај тоа што рекетирала бизнисмени истото го правела со политичари во овој случај користејќи ја својата положба за пратениците да гласаат за промена на името.

Што се случи откако Елизабета Камчевска Милевска и Владанка Авриовиќ гласаа за Северна? Проектот Скопје 2014 и наводните злоупотреби на тендери беше еден од носачите на кампањаата која ја водеше СДСМ во очи на изборите 2016-та година.

На 19/12/2017-та година Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги презеде и предметите „Скопје 2014“, „Актор“ и „Космос“. Специјалната обвинителка Катица Јанева на прес-конференција информираше дека во изминатитот период од скопското Обвинителство и од Обвинителството за организиран криминал ги презеле овие три предмети, за кои во утврдениот рок од осум дена се изјасниле дека се во надлежност на СЈО. Проектот Скопје 2014-та беше под директна надлежност на тогашната министерка за култура Елизабета Камчевска Милевска, но таа откако гласаше за промена на името ниту еднаш не се појави на рочиште порзано со предметите на СЈО.

Синот на Владанка Авировиќ, Василије Авировиќ кој беше осуден на три години затвор, обвинет од СЈО во случајот „Труст“ откако неговата мајка гласаше за Северна доби само условна казна, а Сеад Кочан доби намалена казна затвор. Уште еднаш да потсетиме дека Зеќир Рамчиловиќ член на Здружение АВАЗ, протестираше против постапката на СЈО за Сеад Кочан.

Сега доаѓаме до Љубен Арнаудов и Сашо Василевски кои беа обвинети за 27 април, а откако гласаа за Северна амнестирани од страна на Зоран Заев. Случајот 27-април го водеше обвинителката Вилма Русковска во кој Добрила Кацарска досуди 211 години затвор за останатите неамнестирани. Неодамна шведскиот Врховен суд го прогласи овај случај за политички процес, политички прогон и притоа одби да го екстрадира Дејан Давидовски.

Голготата на пратениците Крсто Муковски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудо и Љупчо Димовски започна на 5 декември 2017-та година кога Русковска побара притвор за нив, а судија на претходна постапка кој одлучуваше дали истиот да им биде доделен беше омилената судијка на Зоран Заев, Весна Димишкова. Димишкова е судијата која ја водеше токму постапка за случајот Поткуп во кој Заев беше обвинет за земање на мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен, а таа донесе ослободителна пресуда. Интересно е што Димишкова се споменува и во исказот на Орце Камчев во случајот Рекет како дел од оние кои го рекетирале македонскиот бизнисмен. Таа меѓудругото одлучуваше дали Камчев ќе биде пуштен во домашен притвор, што понатаму овозможи тој дополнително да биде рекетиран од страна на Зоран Милевски и Бојан Јовановски и сењорита Катица Јанева.

Она што исто така е интересно и се поклопува се датумите кога СЈО го превзема случајот Скопје 2014 од обвинителството на Русковска и датумот кога им се одредува пртивор на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Како обвинител кој е на чело на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција токму Русковска се изјансила дека овие предмети се во надлежност на СЈО.

На 16 октомври 2018-та година сите обвинети пратеници освен Крсто Муковски во случајот 27-ми април беа ослободени од притвор, а Вилма Русковска не обжали не ја обжали одлуката за пуштање од куќен притвор на тројца пратеници. Муковски беше пуштен од куќен притвор на 19 октомври 2018-та година, откако Апелациониот суд му ја уважи жалбата.

Досегашното делување на Вилма Русковска упатува на тоа дека таа е во директна спрега со власта и истата работи по насоки издадени од Илинденска бб.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој воедно е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство, а меѓудругото и лично присуствуваше на лидерската средба само пред неколку дена истакна дека за власта секое едно решение за законот би било прифатливо доколку обвинителката Вилма Рускоска остане на својата досегашна позиција.

-Јас мислам дека за СДСМ се би било прифатливо доколку ја оставиме Рускоска, изјави Муцунски.

Заев и самиот јавно призна дека за него е неприфатливо Вилма Русковска да биде променета.

Не треба да дозволиме – седнале лидерите, партиите кога ќе им текне за да менуваат обвинители. Вилма Русковска има мандат од четири години, досегад е обвинител десет месеци. Вилма Русковска води многу предмети, лично таа и нејзиното обвинителство. Едни се настаните од 27 април и многу други и тоа е уште една причина буквално да не испраќаме порака дека политичарите меѓусебе тајно на работни групи се договараат каде што има допирни точки, таму каде што е недозволиво, а тоа е во делот на независното правосудство, изјави Заев.

Извор од преговарачкиот тим на опозицијата вели дека на лидерската средба во еден дел од разговорите самиот Заев се согласи за нов сектор во Обвинителството, кој нема да биде надлежен за предметите и скандалите кои се актуелни, туку ќе гони корупција од датумот на формирање на органот. Ова во превод значи дека случајот Рекет ќе остане во рацете на Вилма Русковска.

М.Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This