Дали поскапите средства за сончање се подобри? Откриваме што се крие зад популарните летни митови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Летото е омилено годишно време, но има и многу митови кои кружат околу него. На пример, дали некогаш вашата баба ви кажала да не пиете вода после јадење цреши затоа што ќе ве боли стомакот? Или, некој пријател ве советуваше да купувате само скапи креми за сончање, бидејќи тие се едноставно подобри? Откриваме што се крие зад најпопуларните летни митови.

Поради жештината, алкохолот има посилен ефект

Ова не е мит, туку факт. Кога пиеме на високи температури, алкохолот делува поинтензивно. Покрај тоа што делува посилно, имаме тенденција да пиеме многу повеќе алкохол во текот на летото затоа што сме жедни. Обрнете внимание на внесот, и задолжително консумирајте вода помеѓу одделни чаши.

Подобри се поскапите креми за сончање

Дека поскапите креми за сончање подобро штитат е заблуда. Експертите истакнуваат дека скоро секоја крема за сончање добро штити од УВ зраци. Важно е да се обрне внимание на заштитниот фактор, како и на фактот дека на секои два до три часа треба повторно да нанесуваме крема за сончање.

После сладолед и цреши не смееме да пиеме вода

Бабите и мајките честопати ни го зборуваа ова, но ниту едно истражување не покажало дека е вистина. Всушност, експертите дури истакнуваат дека би било добро да се напиете малку вода.

Експертите, пак, објаснуваат дека овој мит најверојатно се појавил од хигиенски причини кои всушност немаат никаква врска со пиење вода по консумирање сладолед или цреши. Во минатото, не се спроведуваше ригорозна контрола на производството на сладолед, и честопати децата не ги миеја добро црешите, па бактериите влегуваат во стомакот и предизвикуваат грчеви и болка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This