ДАЛИ СДСМ ПОЛЕКА, НО СИГУРНО ГО ГУБИ ТЛОТО ПОД НОЗЕТЕ : После Дурловски, нападната и активистка на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат од градоначалникот на Крушево!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски вчера попладне, без никаков повод во дадениот момент, а поради некаков ФБ пост од претходно на очиглед на сите, несвојствено за прв човек на општината, во кафуле во Крушево, вербално нападнал активистка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ од Крушево.

На ФБ наидовме на постови за потврда на случајот, меѓу другото и на пост на братот на градоначалникот. Во повеќето постови постирани од поддржувачи и симпатизери на СДСМ, истите тие наведуваат дека градоначалникот бил „преблаг“ и во идина требало да биде малку посуров за да поубаво го запаметат.

Патем, и самиот градоначалник на постот на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ на Крушево со сопствен коментар потврдил дека е вистина она што е напишано во постот вадејќи се на фактот дека не бил само тој без маска, а подоцна тоа го направил и на неговиот ФБ профил.

Одбраната на градоначалникот е сериозно иронична затоа што истиот заборава дека како прв човек на градот треба да биде пример за сите и ниту во еден случај не треба да се поистоветува со остантите. Инаку како татко на градот секогаш со личен пример треба да биде пред сите останати, независно кои и какви луѓе се.

Повеќе од очигледен е стравот и нервозата кај функционерите и активистите на СДСМ, а посебно тоа е изразено во изборната единица 5, каде после гафот на потпретседателката на СДСМ, вицепремиер во владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, таму работите се сменија многу.

Како што наведовме на почетокот, ова не е прв случај во кој нервозата на СДСМ е на високо ниво, а исто така се однесува повторно за изборна единица 5.

Пред неколку дена, носителот на листата од ВМРО ДПМНЕ, светски познатиот оперски пејач Игор Дурловски беше нападнат од советник на екс премиерот Зоран Заев кој пак исто како градоначалникот го потврди нападот.

Единственото нешто кое напаѓачот на Дурловски сметаше дека ќе ги изземе СДСМ од одговорност беше тоа што изјави дека со заминувањето на Заев од премиерското место, престанал и неговиот ангажман како советник и бил само член на потесното раководство на локална организација на СДСМ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This