Данска е првата земја која ќе има „дигитален амбасадор“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Технолошките гиганти како Гугл и Епл денеска имаат поголемо влијание отколку многу светски држави. Данска ќе стане првата светска држава која ќе назначи таканаречен дигитален амбасадор.

danska-ambasador-701x336

Овој план го најавил данскиот министер за надворешни работи, Андерс Самуелсен, кој во интервју за националниот весник Политикен, рекол дека компаниите како Гугл, Епл и Мајкрософт влијаат на Данска идентично како некои земји.

„Овие компании, на некој начин, станаа нови нации и ние мора да излеземе во пресрет на тоа“, рекол Самуелсен.

Тој додал дека преку амбасадорската позиција, која се уште не е пополнета, Данска ќе работи на подобри односи со американските технолошки компании кои собраа богатства поголеми од многу земји со кои скандинавската држава практикува традиционална дипломатија.

Министерот го посочил извештајот на Фајненшл Тајмс кој покажува дека пазарната вредност на Епл и Гугл е толку голема што, доколку компаниите би биле држави, тие за малку не би влегле во Г20 групата на најголеми светски економии.

„Се разбира, ние ќе го задржиме стариот начин на размислување, преку кој ги негуваме нашите односи со другите земји. Но, едноставно мораме да имаме поблиски врски со некои од компаниите кои влијаат на нас“, изјавил Самуелсен.

Данска веќе има придобивки од координираното лобирање во најголемите светски технолошки компании. Минатата недела, Фејсбук најавил план за изградба на нов центар за податоци во Оденсе. Од Министерството за надворешни работи соопштиле дека договорот со Фејсбук бил резултат на тригодишна работа која се одвивала зад сцената.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This