Дачиќ сеуште во шok после дpaмата во семејството: За пржени јајца ќе нacтрадаа мајка ми и сестра ми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот кој букнал во зградат во Белград каде се евакуирани мајка му и бремената сестра на Дачиќ, настанал во еден стан каде што се запалила тавата во која стариот брачен пар пржел јајаца.

Kako што се дознава, огнот избил во една зграда, но набрзо преку вентилацијата се проширил и на соседната зграда на луксузната повеќекатница Оаза во Белград, во која живее семејството на Претседателот на Собранието на Србија Дачиќ.

– Бабата и дедото кои живеат во станот на прв кат најверојатно пржеле јајца, па им се запалило маслото во тавата. Тие не успеале да го изгасат пламенот, па тој брзо ја зафатил завесата и така се проширил во нивниот стан, а потоа огнот го зафатил и вентилациониот отвор и ги оштетич и другите станови кои се во таа вертикала. Меѓутоа, огнената стихија така се проширила и до соседната зграда, во која живеат Емица и Јелисавета Дачиќ-раскажува извор за Курир.рс.

Ивица Дачиќ изјавил дека мајка му и сестра му се добро и дека се вратиле во својот стан. Сепак, како што вели, за малку бизарната состојба да им дојде до глава.

– Добри се , фала му на Бога. Ништо не е страшно, евакурина беа поради чадот и стравот дека пожарот може да с епрошири, а с еисплашив поради сестра ми која е бремена во шести месец. Слушнав дека наводно пожарот избил во соседниот влез кога некои баба и дедо пржеле јајца, па се запалило тавчето. За малку, поради пржени ајјца некој ќе настрадаше-вели Дачиќ.

Противпожарните екипи дежураат а полицијата извршила увид.

Kurir.rs/ 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This