ДАШТЕВСКИ: Додека трае вонрeдната состојба во државата нeбулозно е да се зборува за избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Даштевски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за одржување на изборите каде посочи дека додека трае вонрeдната состојба во државата поради корона вирусот небулозно е да се зборува за одржување на било какви избори.

-Поентата беше да се добијат трите мислења од трите тела кои се најважни за спроведување на изборите, Комисијата за инфeктивни болeсти, ДИК и ОБСЕ и сите подеднаков се важни за одржување на изборите и затоа беше побарано мислење од нив. Како што видовме и вчера од изјавата на министерот за здравство тој не е оптимист во застанувањето на пaндемијата, туку напротив смета дека не е баш добра ситуацијата. Се додека не прекине вонредната состојба небулозно е да се зборува за било какви избори, истакна Даштевски во своето гостување.

Даштевски во своето гостување додаде дека Комисијата за зaразни болeсти јасно не потенцира дали ќе се намали или зголеми бранот на корона вирycот за да може да се одржат избори, а исто така и ДИК јасно кажува дека за спроведување на изборите им се потребни најмалку 30 дена и тоа мора да се почитува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This