- Advertisement -
Интензивните врнежи од дожд неделава беа причина да се урнат два надворешени ѕида од дотраената куќа на тетовецот Бране Глигориевски, кој живее сам и нема никакви можности да ја поправа. Од страв дека целосно ќе падне објектот деновите ги поминува на отворено.
Не е вработен, а социјална помош не може да зема бидејќи куќата е на негово име. Бара помош за да има барем една соба каде да живее.
Бране живее во стариот дел од градот во населбата Два Бреста.
Александар Самарџиев
Сител ТВ