ДА СЕ ОБЕДИНАТ СИТЕ АЛБАНЦИ: ДУИ ги повика Албанците да се обединат за да изберат премиер Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение ги повика Албанците во земјава да се обединат за да изберат премиер Албанец.

ДУИ смета дека Охридскиот договор се спроведува, албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега предводат најмногу позиции од било кога, клучни позиции како судии во Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други. Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда. Затоа, ова не поттикна да го преземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме прв Албански премиер во Македонија“ се вели во соопштението на ДУИ.

ДУИ велат дека сега е време пак да се обединат за новата цела и ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа нивна кауза за албански престедател на Владата.

Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност. Сега е наше време. Заедно, можеме да испишеме историја градејќи ја иднината. За нас Албанците, и за целата држава, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This