ДВА ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ: Мицотакис го одржа централниот митинг во Атина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, а според истражувањата на јавното мислење, веројатно и новиот премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис,синоќа, во Атина одржа централен предизборен митинг во пресрет на предвремените парламентарни избори в недела.

Дописничката на МИА од Атина, го следеше митингот на Мицотакис, поразговара со поддржувачите на Нова демократија, за нивните очекувања од лидерот на партијата, доколку од понеделник ја преземе функцијата премиер, но и за тоа каква позиција очекуваат да заземе во однос на Договорот од Преспа.

Веруваат дека во недела, граѓаните масовно ќе гласаат за Нова демократија и Мицотакис ќе освои доволен број гласови за да може да формира еднопартиска влада.

Економијата и справување со невработеноста се главните области на кои поддржувачите на Нова демократија очекуваат Мицотакис да го стави акцентот уште на почетокот на мандатот како премиер, доколку формира влада, а за Договорот од Преспа, свесни се дека нема простор за промени.

-Вака како што стојат работите не знам дали ќе може да стори нешто за Договорот од Преспа, вели повозрасен Грк – поддржувач на Нова демократија.

-За жaл, пpeдавникот, оној што беше пpoтив нaцијата, Алексис Ципрас, потпиша нешто во отcyство на грчкиот народ. Да говориме ceриозно, договорот не може да се пoништи, можеби може да се сменат чекор по чекор некои од членовите. Јас сум од Македонија и многу ми пpeчи договорот, коментира средовечен член на Нова демократија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This