ДВА ЧАСА СНЕГ ГО БЛОКИРАШЕ СКОПЈЕ: Снегот го изненади Шилегов во февруари- улиците прекриени со снег, сообраќајот отежнат, службите потфрлија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врнежите од снег кои денеска го зафатија Скопје, веќе ги прекрија сообраќајниците во главниот град. Во ноќните часови поголемите улици се прекриени со снег и сообраќајот се одвива отежнато, бидејќи возачите ја прилагодуваат брзината согласно условите на патот.


Од Авто-мото сојузот попладнево информираа дека поради снегот забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Струга – граничен премин Ќафасан, како и на планинските премини Пресека, Стража, Буково, Плетвар и Ѓавато.

Метеоролозите најавуваат дека во текот на ноќта времето ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од снег. Во текот на утрешниот ден, врнежите ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат поинтензивни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка.

Според информациите, денеска до 16 часот најмногу снег наврнал во Маврово односно 56 сантиметри, 31 во Лазарополе, а 20 сантиметри во Пожаране.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This