ДВЕ ОПЦИИ ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Или соживот во една држава, или повторно воспоставување на Илирида, пренесуваат албанските медиуми во земјава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските медиуми објавија текст од Мехди Мехмети, учител во Групчин, според кој за Македонија имало две опци за „разрешување на ситуацијата“. Едната била соживот, другата повторно воспоставување Илирида

 

 

“Албанците во Македонија се навикнати да издржат презир, насилство, дискриминација, и повторно упорно, бараат соживот со Македонците. Се поставува прашањето зошто? Затоа што тие избрале да живеат со Македонците и другите со единствено обравдување, да се зајакне Албанија и да се постигне независноста на Косово. Така мислеа интелектуалците, правните експерти од тоа време, без разлика дали од Албанија, Косово или од Македонија, и покрај одржаниот референдум од Албанци од Македонија во 1992 година – “Референдум за правата за територијална, политичка и културна автономија на Албанците во Македонија”, која полека се стопи, да не речам не постои веќе (згасна).

Наместо овој повеќе од човечки став, денеска добиваме силни шлаканица од албанските политичките сили во Македонија, вкчучително и од оние на власт, па дури и од политичарите од Албанија и Косово.

На Албанците во Македонија им остануваат две опции; а) Соживот во една држава или б) повторно воспоставување на Илирида!

Според првата- Се чини дека тоа е невозможно, поради претседателот на државата Иванов, и групата на ВМРО-ДПМНЕ-вци, екстремисти, со шовинистички ставови. Од други страна не менувањето на Уставот, како највисок правен акт на државата, јасно покажува дека ние сме далеку од соживот, за да се обезбедат правата на Албанците во Македонија!

Изгледа малку парадоксално! Уставот може да се смени поради притисокот што го прави Грција, додека Уставот не може да се промени од страна на народот што ден баба ден живее на овиее територии. Државата е создадена во 1991 година по распадот на Југославија. Тогаш Албанците од Македонија го бојкотираа референдумот објавен од страна на државата и во 1992 година објавија референдум за политичка територијална автономија на Албанците во Македонија, врз основа на меѓународните договори и конвенции за човекови права.

Според втората – Можно е да се реализира, ако матичната држава Албанија, со еден уникатен пристап, ја повлече изјавата за признавање на Македонија како држава, иако меѓу првите ја признала, без соодветно анализирање на политички, економски, културни, социјални околности на оваа држава за фундаменталните прашања на Албанците во Македонија (Илирида). Потребна е сериозна интервенција, да се обезбедат правата на Албанците во Македонија. Исто така, член 8 од Уставот на Албанија да најде практична примена, а не само формално да постои на хартија, да се цитира и каде штто треба и каде што не треба, само за политички поенти. Албанија, зошто да не и Косово добро знаат колку претрпела и сеуште трпи оваа нација, еден милион Албанци. Тие имаат преживеано, презир, дискриминација, насилство, масакри, апсења, убиства, бомбашки напади, и што ли уште не. За да се реализира ова, ние треба повеќе да ми од кога било, национално единство, но не формално. Обединување на сите политички сили во Албанија, Косово, Македонија и на други места, на заедничка маса, тропајќи на вратите на светската дипломатија, иако тие знаат подобро од нас.

Ни треба национална мобилизација, да ги оставиме индивидуалните и групирани каприци, сериозно да се зафатиме со обединувањето во една албанска кауза.

Македонија никогаш не била ниту ќе биде држава со унитарен карактер како што тврдат дел од Македонците, туку била е и ќе биде мултиетничка држава, ако се потпираме на првата опција. Ако не, тогаш треба да се оди директно на втората опција оживување на Илирида.

Завршуваме: Со изреката на големиот Адем Демачи, “Птицата што излезе од кафезот, нема сила која може да ја врати таму каде што беше …” – пишува Мемети на својот ФБ профил.

 

Shkruan: Mehdi MemetiDy opsione të mundshme,për shqiptarët e Maqedonisë !Shqiptarët e Maqedonisë,janë mësuar ta…

Posted by Mehdi Memeti on Friday, April 13, 2018

33 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This