Двојно yбиcтво и caмoyбиcтво на Крф: Haпaѓaчот yбил маж и жена па си го одзел животот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојно убиство се случи во Дасија, познато летно одморалиште на Крф, денес, кога напаѓач уби жена и маж, а потоа изврши самоубиство.

Властите биле информирани во 11.30 часот, кога полицијата пристигнала на местото на настанот и открила тела на маж и жена, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Според последните информации, сторителот изнајмил стан во двокатната куќа. Според добиените информации, сторителот пукал и убил жена околу 11,30 часот, по жестока пресметка во дворот на нејзината куќа, па пукал и убил странец кој живеел на првиот кат во дворот, а потоа наводно се заклучил во куќата и си го одзел животот.

Според грчката телевизија „Крф“, истрагата е во тек, а полициските сили се на лице место.

Инцидентот се случил покрај голем хотелски комплекс и веројатно се случил поради финансиски или имотни спорови, пренесува телевизијата.

Според полициски извори, сторителот, инаку татко на полицаец, отворил оган со ловечко оружје.

Телевизијата Крф известува дека можеби е повредено друго лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This