Девојче и маж повpeдени во сообраќајка кај Делчево, возачот бил пиjан, велат очевидци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повредено малолетно женско лице и возач во сообраќајна несреќа, која се случи денеска околу 14 часот кај место викано „Шумското“ на магистралата А-3 кај Делчево.

Според информации од делчевскиот Здравствен дом, неколку минути по несреќата, помош е укажана на девојчето и на возачот кој излетал од патниот правец Делчево – Пехчево на 1,5 километар оддалеченост од првичната несреќа.

– Кај повреденото девојче по укажаната интервенција се очекуваат резултати во однос на евентуална појава на скрешеници во пределот на нозете, додека возачот исто така се пожалил на болки поради што му е укажана лекарска интервенција од страна на Итната медицинска помош, информираа од Здравствен дом Делчево.

Очевидци затекнати во близина на местото на настанот додадоа дека најверојатно возачот бил под дејство на алкохол. Од полицијата повеќе детали за несреќата најавија во текот на денот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This