Дел од училиштата нема да почнат со настава, пропадна онлајн платформата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со задоцнување од еден месец, утре се очекува да почне новата учебна година. Како што беше најавено, најголем дел од училиштата наставата треба да се изведува онлајн, преку националната платформа за учење од далечина. Но, на ден пред почетокот на учебната година наместо на националната платформа, наставниците и професорите се обучуваат за алтернативни алатки на одржување на наставата.

Според националните обучувачи, онлајн наставата ќе се одржи, но не преку националната платформа за учење од далечина, туку преку Мајкрософт тимс.

Проблемите со националната платформа се очекува да се решат до крајот на следната недела.

Наставниците и директорите велат дека пpоблeм е што многу се доцнело со подготовките на платформата. Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и наставник во ОУ Кочо Рацин Скопје, за дневникот на ТВ Сител вели дека според последните информации кои што ги добила учебната година ќе започне преку Мајктософт тимс, а не според Националната платформа. Како што рече Попова, според ова ќе им бидат потребни 40тина минути на секој наставник да ги вклучи учениците да ја следат настават преку онлајн.

Професорите од ФИНКИ кои беа дел изработката на националната платформа велат дека истата може да го издржи целиот притисок од страна на корисниците, односно наставниците и учениците, но додаваат дека треба да се дофинализира платформата за да биде целосно функционална.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This