Демировски за власта: Ние сме им само машинерија за гласање, да ставиме неколку во фотелји и после не нѐ познаваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Геге Демировски, претседателот на Народната партија на Ромите, во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, зборуваше за состојбата на Ромите во Македонија, народ на кој владата на Заев помислува само пред избори, кога се делат пакети, ваучери, па ги заборааваат до наредните избори. Демировски истакна дека нема повеќе да дозволи да се искорустува неговата нација за еден глас, од избори до избори.

„Немаме вработувања, немаме министер, немаме директорски места. Ние сме само машинерија за гласање, да ставиме неколку во фотелји и после не нѐ познаваат. Они сега ќе седат ако треба ако Ромите, ако треба со тој што седи на семафор, со него ќе јаде леб ако треба, само заради глас. После глас, не ги познаваат. Ги лажеа Ромите многу. Мене ме лажеа, ќе правиме ова, ќе правиме тоа. Нема од тоа ништо. Ние не сме само мајтап за изигравање во Република Македонија, ние Ромите сме народ. Република Македонија е држава на сите граѓани коишто живеат во оваа држава. Ова е наша држава, зошто да не лажат?, вели Демировски.

Тој изрази револт за незаинтересираноста на власта за инвестирање во општина Шуто Оризари, каде Ромите живеат во субстандардни услови, без улици.

„Што е подобра општина Бутел, каде се градат улици, од Шуто Оризари, а за гласови трчаат во Шутка“, коментира Демировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This