ДЕНЕСКА Е ПPOЧKA: Празник за пpoштевање и очистување на гpeвовите кај xpистијаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници денеска го слават празникот Прочка, или Велики Поклади, кој спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш зад Божик и Велигден. Во Битола порано се организирале маскембали кои за жал сега ги нема
Прочка -Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, потоа амкањето јајца, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот, обичаите за очистувањето од штетници итн. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето.

Небото затоа што и погрешило на земјата со громови, мразеви поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн.

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка, ден кога со суво грозје, портокал или јаболко си ги простуваме гревовите и подавајќи рака си посакуваме здравје, среќа и љубов.

Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“ на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, а некаде се вели само: „Простено да ви е“.

Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања со многу одрекувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден), за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This