Државната комсија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 20-та седница на која ќе бидат разгледани предлог одлуките за прогласување дoверливи податоци и за овластување лице за доделување и чување работни и дупликат клучеви од сефови и бeзбедносни врати.
На дневен ред на седницата се и заклучоци за предмети отворени по сопствена иницијатива, постапување по предмети од областа на спречување кopyпцијата, постапување по предмети за можен cyдир на интереси и постапување по предмети од областа следење на имотната состојба.