Меѓупартиска парламентарна група за правата на ЛГБТ заедницата ќе биде формирана и промовирана во Собранието денес од страна на група пратеници кои ќе влијаат во корист на оваа група, пишува Фактор.
Промоцијата на оваа група е дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, а на неа ќе учествуваат пратеници од актуелниот парламентарен состав од различни политички партии.
По промоцијата на ЛГБТ, ќе се одржи прес-конференција од страна на пратеничката Маја Морачанин и пратеници од иницијативата за формирање и промовирање на групата заедно со претставници на невладини организации.