Денес нe oчeкyвa coнчeвo, вeдpo и мнoгy cтyдeнo вpeмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава изутринава ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од -16 до -7, а дневната од -2 до 6 степени. Во делови од Пелагонија утринската температура ќе биде околу -20, а максималната околу -7 степени

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до -13, а дневната ќе достигне до нула степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This