April 26, 2024, 11:59 pm

ДЕНЕС ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ: Пренасочување на сообраќајот од 16 часот поради меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Израел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајната полиција денеска од 16 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим во очекување на зголемен интензитет на сообраќајот поради меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу  репрезентациите  на Македонија и  Израел, што треба да почне во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски” во рамки на квалификациите за Европско првенство во фудбал.

СВР- Скопје информира дека од 16 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Исто така во попладневните часови сообраќајната полиција ќе презема мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот. Во периодот по 17 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и  интензитет на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This