Денес, пристигнува донацијата од 13 000 брзи тестови, најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се вршат тестирања, напиша министерот за здравсто Венко Филипче на Фејсбук.
Тој во гостувањето на ТВ Сител изјави дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот, близу 40 милиони денари и ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби.
Цената на тестовите ќе биде 1.000 денари.