ДЕНЕС: Собраниска седница за буџетот и за распуштање на Парламентот

Поврзано

- Advertisement -

Пред одржувањето на седницата за 10 часот е закажана координација на пратеничките групи на која се знае текот на седницата.

Предлогот за распуштање СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според ДС, пак, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

На координацијата на пратеничките групи се очекува да стане збор и за Шестата изборна единица, која има повеќе гласачи од дозволеното. Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан по неговите средби во петокот во Скопје со лидерите на четирите најголеми партии порача да се реши ова прашање со цел да не се остави простор за критика на изборите. Работната група формирана од четирите најголеми партии во Парламентарната не најде решение за ова прашање.

Инаку, меѓу точките на оваа седница се и Предлогот за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност и на Законот за банките, како и Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2017 година.

По завршувањето на оваа седница, Собранието треба да ја одржи 122-та седница на која на дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This