ДЕРКОВСКИ: Голем е интересот кај медиумите за политички реклами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Државната изборна Комисија, Оливер Дерковски во емисијата „Топ Тема“ истакна дека отворањето на наменски сметки од страна на кандидадтските листи на партиите кои ќе учестуваат на овие избори е стандардна обрска. Партиите ќе добијат единствен даночен број со кој ќе се легимираат на овие избори посочува тој.

-Делот кој што ни беше наметнат со претходните одредби на изборниот законик, кој беше инаку во надлежност на министерството за финансии, но и тогаш како и сега со една брза измена во 5 до 12 се префрли надлежноста на ДИК во делот на финансирање на медиумската кампања и тој дел останува. И за тој дел ние како комисија се спремаме, бидејќи има голем интерес од медиумите да го одработиме како што треба. Отворањето на смеките на партиите е стандарна обврска, бидејќи се отвараат наменски сметки за секоја кампања од страна на кандидатските листи кои што ќе учествуваат на овие избори. Останува таа нивна обврска за отворање на оваа сметка и добивање на единствен даночен број со кој што практично ќе се легитимираат за овие избори и ние тие податоци ги собираме, овие податоци ги имаат и колегите од Антикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија така да други надлежности во оваа област практично и да немаме. Но и овие обрски кои што ги имаме не се мали со оглед на капацитетот на ДИК го има посебно во делот на следење на медиумската кампања и во делот на трошење на тие средства, односно искористување на минутите и секундите кои што се наменети. Многу е полесно тоа да го правиме во делот на следење кај големите рафиодифузери со национална концеција, меѓутоа со порталите тоа е многу тешко, вели Дерковски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This