ДЕРКОВСКИ: За да бидат изборите легитимни, ДИК мора да има оптимално 50 денови за да се завршат сите дејствија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски во Телевизија Алфа вечерва, а во врска со изборите, ја објасни временската рамка за завршување на дејствијата на ДИК за изборите која не може да биде пократка од 50 дена по завршување на вонредната состојба, како и потребата од 100.000 ангажирани луѓе кои ќе бидат на денот на изборите за коишто ќе треба да се донесат дополнителни Протоколи.

-ДИК мора да има оптимално 45 до 50 денови за да се завршат сите дејствија, за процесот да биде крајно легитимен, и да не се доведеме до ситуација моторингот да оцени дека не сме ги спровеле изборите како што треба, вели Дерковски

Дерковски појасни дека се потребни за изборите 100.000 луѓе да бидат ангажирани, кои треба да бидат цел ден на избирачките места за денот на изборите и за истите треба да се обезбедат услови и начин на функционирање со Протоколите кои ДИК ќе треба да ги донесе.

Тој вели дека Избирачкиот список пред донесување на Уредбата на владата со кои се пpeкинуваат дејствијата и се наложи на ДИК да изготви Роковник за останатите дејствија, во рок од еден ден по завршување на вонредната состојба.

Тоа значи дека ДИК треба повторно да превземе дејствија бидејќи не го заклучи Избирачкиот список согласно Изборниот законик се утврдува во кои рокови тоа се прави односно, односно веќе десетиот ден тој се става на јавен увид.

-Јавниот увид трае десет дена затоа што секој граѓанин може да поднесе барање за промена или интервенција во Избирачкиот список и тоа како гласачко право на граѓаните не може да биде занемарено. Подоцна се собираат податоците за гласачите кои изгyбиле деловна способност, за лицата во пpитвop, за лицата кои ќе гласаат во старечките домови и затворите итн. и десетина дена по собирање на податоците Избирачкиот список се заклучува, објасни тој.

Констатираше дека се потребни 35 дена по завршување на вонредната состојба за сите операции и дејствија кои и се потребни на ДИК за спроведување на изборите.

Дерковски вели дека до претседателот Пендаровски во писмено мислење ги доставиле овие рокови и потребите дејствија, и нагласиле дека дел од нив како печатењето на материјалот и слично може да биде направено и во тек на изборната кампања, но дека генерално и се потребни на ДИК најмалку 50тина дена за да ги заврши сите дејствија за да процесот биде легитимен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This