ДЕТАЛИ ЗА КРВАВАТА ТРАГЕДИЈА: МВР со детали за трагедијата која се случи во скопско Ѓорче Петров и Глумово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово околу 10.00 часот лицето Ш.С.(48) од село Глумово со пиштол извршил убиство на три лица, додека едно лице е рането и е пренесено на лекување на скопските клиники.

Сторителот пукал во три лица на ул.„П.Гиновски“. Од нив две починале, М.С. (33) и А.С. (20), двајцата од с.Глумово, додека третото лице, чиј што идентитет се уште е непознат, е рането и е пренесено на болничко лекување.

После тоа, сторителот заминал во с.Глумово каде што пукал во лицето А.Б.С. (56) од с.Глумово, кое исто така починало.

После тоа сторителот заминал од местото, а при обид да биде приведен од полициски службеници од единицата Алфа, тој извршил самоубиство.

При вршење увид покрај него бил пронајден пиштол Астра А-80, кој е подигнат за вештачење.Според првичните информации од истрагата причина за немилиот настан се семејни недоразбирања.

Сторителот, тројцата убиени и повреденото лице се членови на едно семејство.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This