ДЕТАЛИ ЗА СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Потврдени 10 нови случаи на кopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Неготино-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.

Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1674, бројката на оздравени пациенти е 1205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 569, активни 131
• Куманово – 410, активни 46
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 2
• Прилеп –179, активни 59
• Тетово – 117, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 108, активни 50
• Битола –23, активни 4
• Охрид –15, активни 0
• Кавадарци – 5, активни 1
• Гостивар –19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 2
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1

Направените 189 теста се преку: ИЈЗ –57, Ветеринарен ф-тет -5, Авицена –0, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –52, Систина со PCR метода -19 и МАНУ -18. Досега во земјата се направени вкупно 19430 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 25. На респираторна машина се 5 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This