ДЕТАЛИ ЗА „ЦPНИОТ ФОНД“ НА СЈО: Катица барала по 3000 денари месечно од oбвинитeлитe, а по 1000 од останатите вработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извори од СЈО за Канал 5 потврдија дека минатата недела екс тимот на Јанева добил писмо од својата екс шефица, во кое таа бара парите од т.н. „ црн фонд “ да и бидат доделени за одбрана во случајот „Рекет“, пренесуваат од телеизијата

Оваа информација открива потенцијален скандал – дали постоел и како функционирал т.н. „црн фонд“ во рамките на СЈО?

Нашиот извор информира дека „црниот фонд“ бил во некоја рака облигациски фонд, кој се полнел во кеш, веднаш по приемот на платите на вработените во СЈО. Најголемо учество во „црниот фонд“ имале обвинителите и истражителите, значи оние кои имале високи примања, и кои морале да „уплатуваат“ по 3000 ден. месечно во т.н. „плико за црн фонд“. Оние со помали примања уплатувале нешто повеќе од 1000 денари месечно – информираат од телевизијата.

Овој во најмала рака невообичаен начин на прибирање средства траел повеќе од 2 години, а нашиот извор тврди дека изговорот за неговото креирање бил – да им се најде на вработените за „не дај боже“, велат од Канал 5.

Изворот потврдува дека тој „црн фонд“ бил менаџиран од Сињора Катица лично, која ете, според нашиот извор, наводно како да знаела дека ќе и потреба еден ден .

Целата информација на Канал 5.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This