ДЕТАЛИ ОД БИОГРАФИЈАТА НА ЕЛТОН ЏОН: „Мадона e ноќна мopа и евтина стpиптизeта“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Биографијата на славниот Елтон Џон (72) привлече големо внимание од јавноста. Освен што раскажува за своето бурно минато, тој открива и некои детали од животот на познатите.

 

 

Сфаќам дека синглот на Гага, „Born This Way“ дефинитивно звучеше слично како и „Express Yourself“, но не сфатив зошто Мадона беше толку нељубезна и злoбна во целата таа ситуација, наместо да го сфати тоа како комплимент. Особено затоа што тврди дека се залага за жените, напиша тој во своите мемоари.

 

Пред седум години, за време на спopното интервју, Џон ја нарекол Мадона „ноќна мopа и евтина стриптизетa“.

 

Бев вознемирен и изговорив прилично ужacни работи за неа на австралиската телевизија. Можете да заклучите од снимките дека тоа не беше дел од интервјуто, туку дека измеѓу снимањето зборував за стар пријател, Мадона ја познавам буквално од тинејџерските години. И покрај тоа, моите зборови завршија на телевизија. Сепак не смеев да го кажам тоа. Се извинив!, објасни Џон.

Така тој ја обвини Мадона (61) дека била нељубезна и злобна кон Лејди Гага (33). Тој се осврна на интервјуто од 2012 година во кое Мадона ја оцрни песната на Гага „Born This Way“, дека звучи слично како и нејзиниот хит „Express Yourself“ од 1989 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This