Детали од МВР: Петмина повpeдeни од кои две деца во синоќешната сообpaќајка кај Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три лица се тешко повредени, а двајца полесно по излетување на автомобил „форд мондео“ од коловозот на магистралниот пат Штип-Радовиш. Несреќата се случила вчера доцна попладнето информираат од СВР-Штип.

Во соопштението се наведува дека патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 40- годишниот С.А. од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот.

По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница – Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците на возраст од 19 години со исти иницијали С.А. и двајцата од Кочани им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This