ДЗС: Апелираме до сите граѓани да се вклучат доброволно на местата каде што е неопходно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните да се вклучат доброволно во пожарот, апелира Дирекцијата за заштита и спасување:

По избувнувањето на повеќе пожари низ источниот и југоисточниот дел на Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа итен состанок со цел мобилизација на тимовите за заштита и спасување од пожари, како и вработените на ДЗС и ПОЗС.

Директорот на Дирекцијата Беким Максути издал наредба за мобилизација на тимовите за пожари, Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и скопскиот тим Карпош.

Предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва.

Вработени од ДЗС по координацијата се упатени кон загрозените подрачја, како што се Старо Нагоричане, село Бели, Кочани и село Новаци, Битола, заради процена, координација и помош на загрозените подрачја, наведува ДЗС.

-Апелираме до сите граѓани да се вклучат доброволно на местата каде што е неопходно и директно да ја известат ДЗС за пожари на целата територија на државата. Само заедно можеме да се справуваме најсилно со ова зло, стои во објавата на фејсбук-страницата на ДЗС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This