Димитриев- Почивалшек: Македонија и Словенија имаат одлична соработка на повеќе полиња

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Здравко Почивалшек, министер за економски развој и технологија на Република Словенија.

dimitriev-sredba

На средбата беа поздравени одличните политички односи помеѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно почитување и соработка.

Беше изразено задоволство и од трендот на раст на билатералната економска соработка и трговската размена, информираат од владината прес-служба.

Премиерот Димитриев истакна дека Владата има силен фокус кон реализација на економските политики и реформи кои резултираат со намалување на невработеноста и обезбедување на економски раст, притоа истакнувајќи дека Република Македонија има силен интерес за дополнително продлабочување на економската соработка со Република Словенија.

dimitriev-sredba1

Стана збор и за можноста за унапредување на соработката на полето на странските инвестиции, при што беше потенциран фактот дека добрата бизнис клима која ја нуди Република Македонија е шанса за влез на нови и проширување на капацитетите на постојните словенечки инвестиции во земјата, за што се разгледуваат повеќе опции.

Соговорниците разговараа и за можностите за унапредување на соработката во областа на туризмот.

Министерот Почивалшек истакна дека постои потенцијал за дополнително зголемување на бројот на словенечки туристи во Република Македонија, за што во следниот период ќе продолжат консултациите за конкретни проекти на соработка за реализација за оваа цел.

dimitriev-sredba2

Двете страни разговараа за опциите за реализација на проекти во областа на енергетиката за што веќе постои дијалог на ниво на министерствата од двете земји.

Претседателот на Владата Димитриев и министерот Почивалшек ја истакнаа потребата од интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, и изразија силна заложба за ангажман за дополнително унапредување на соработката помеѓу двете земји во сите сфери од взаемен интерес.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This