ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Чест ми е да придонесам кон она што претставува наша заедничка цел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавување во јавноста на името на Гордана Димитриеска Кочоска како заменик министер за финансии на предлог на ВМРО ДПМНЕ, редакцијата на Курир поразговара со неа.

За предлогот на претседателот Мицкоски таа рече:

-Точно. Претседателот Мицкоски ми понуди да бидам дел од техничката Влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори. За мене преставува чест, но и огромна одговорност во едни вакви тешки времиња за Македонија, пред се за граѓаните, за македонската економија и бизнис да се влијае на макроекономските текови. Економијата има сериозни пpоблеми со задолженоста, со ликвидноста, реализацијата на капитлните инвестии, но јас верувам дека со посветеност, стручност и професионален пристап, како и преку мобилизирање на научната и стручната фела и преку уважување на барањата од реалниот бизнис сектор може да се влијае на промени кои ќе донесат стабилизација и поголема сигурност, вели Димитриеска Кочоска.

Таа смета дека потребно е да се прикаже нов начин на работа, каде ќе се даде предност на квалитетот.

-Никогаш во животот не сум бeгала од предизвици и верувам дека со моето минато искуство од приватниот и државниот сектор можам да придонесам многу повеќе кон она што претставува наша заедничка цел. Да оставиме да се официјализира предлогот и нормално веднаш потоа да се започне со работа, вели Димитриеска Кочоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This