ДИМИТРОВ ЗАБРАНУВА ПРАЗНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИЦИ: Ама за дипломати кои повикуваат на Илирида и убиство на „славомакедонизмот“ нема проблем!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната прес конференција Никола Димитров во својство на министер за надворешни работи, изјави дека немал да дозволи ниту да толерира, вработени во министерството да се фотографираат со знамиња и карти во кои дел од Македонската територија навлегува во грчка територија

Прес конференцијата беше одржана по повод празнувањето на Македонците во Канада, кои во својата иконографија имаа истакнато карта од етничките граници на Македонија, на која се гледа дека дел од границите се распространети на југ до Солун.

„Сликање со мапа на која нашата држава навлегува на грчка територија не е политика на Министерството за надворешни работи, ниту на Владата“, изјави Димитров.

Тој додаде дека се работи на случајот и дека истиот ќе биде разгледан од посебна комисија, а вакви случаи повеќе нема да бидат толерирани, но не даде одговор на тоа дали тој или новиот министер за одбрана превземале нешто во случајот со Македонскиот претставник во мисијата во НАТО, Тирон Јајага, кој во мај оваа година со знамиња на друга држава и со карта на Голема Албанија, бараше Илирида од Брисел.

Имено, во мај оваа година дипломат, вработен од министерството за одбрана, а под ингеренции на МНР во Брисел пред седиштето на Европската комисија со знамиња на друга држава и под картата на Голема Албанија извикуваше Илирида и бараше „правда за Зијадин Села“.

По неколкугодишна расправа, Тирон Јајага добил и дипломатски пасош спротивно на правилниците на МНР, бидејќи тој не смее да има друг пасош освен Македонскиот. Јајага има и Американски пасош.

Освен ова, според нашите извори,  Јајага е и висок член на раководството на партијата на Села „Движење за реформи на ДПА“, што исто така е спротивно на одредбите од правилниците на МНР.

Нејасно е што Димитров сака да покаже со ваква постапка, имено го казнува Македонскиот конзул во Канада поради иконографија на која се покажуваат етничките граници на Македонија, а од друга страна ниту збор за дипломатот кој незаконски земал дипломатски пасош, повикува на Илирида и е член на политичка партија.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This