Димитров-Матуела: Македонија останува цврсто посветена на пpoцесот на рeформи во клучните области

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров се сретна со со надлежната за Македонија и Албанија во ГД НЕАР во Европската комисија, Михаела Матуела, која неодамна стапи на оваа функција.

Како што соопшти СЕП, главниот фокус на состанокот бил ставен на подготвеноста и очекувањата на Македонија во однос на почетокот на пристапните преговори, спроведувањето на реформите од ЕУ агендата и статусот во однос на користењето на фондовите од ИПА.

Димитров посочил дека остануваат цврсто посветени на процесот на реформи во клучните области од новата методологија за пристапни преговори, што се спроведуваат и со користење на ЕУ фондовите.

Не постои друга алтернатива за процесот на европеизација насочен кон пренесување на европските вредности дома и за таа цел ја воведовме „Агенда: Европа дома“ и ја усвоивме НПАА 2021-2025. Овие процеси се одвиваа со целосна транспарентност и вклученост на граѓанското општество, клучните документи се целосно преструктуирани според новата кластерска методологија за пристапни преговори – вели Димитров.

Претставничката на ЕК, Матуела истакнала дека постигнатите резултати ќе имаат свој одраз во Извештајот на Комисијата за годинава и посочи дека го дели ставот за подготвеноста на Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This