По критиките во јавноста дека во графата за државјанство НАТО ја користи формулацијата „граѓани на Северна Македонија“, реагираше Министерството за надворешни работи.
Министерот Никола Димитров на својот Твитер-профил информираше дека станува збор за грешка која е поправена.
Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се, напиша Димитров.
Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните укажувања. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се. pic.twitter.com/deffarz8lA
— Никола Димитров (@NDimitrovMK) May 23, 2020