ДИМОВСКИ: Да ја вратиме Македонија на Македонците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дрво без корен не бидува. Така е и со секој народ и неговата историја, традиција и фолклор. Овие три елементи се корените на народот, на почвата на која тој растел, се развивал и се издигнал. Нашите корени и нас како Македонски народ, не негирале со векови. Секој негатор, од негови лични интереси и побуди. Често пати, во тоа негирање, негаторите биле помагани од нашинци. Така е и денес, ништо не е променето.

Повторно негирање од страна на нашите соседи, особено од Бугарите и Грците, а од петни жили поддржано и помогнато од наши одродени сонародници (иако, тие баш и не се чувствуваат за Македонци и според нивната теорија, срамно и “демоде” е да си патриот и да си ја сакаш татковината, а модерно е да си “западен” и со шарено знаме). За овие, нема ништо свето. Ниту народ, ниту држава. Ниту историја, ниту традиција. Ниту жртви, ниту слобода. На нив, дури и нивните предци и поколенија не им се свети.
Но, на мнозина од нас, Македонија и се што е Македонско, ни е свето. Оти, тоа е нашиот дом, тоа е нашиот корен, нашата храна, воздух и сонце. #Македонија ни е се! Да ја вратиме #МакедонијаНаМакедонците.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3184453611575748&id=100000334226602

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This