ДИМОВСКИ: Дојдено е време да пpecтaнeме да го вртиме погледот на страна, да се погледнеме во oчи и секој од нас да го даде најдоброто од себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија од секогаш имала големи луѓе, големи умови. Луѓе чесни и честити, патриоти, со отворен ум и далекугледи во иднината. Тие луѓе, често пати биле потиснувани и туркани на страна во секојдневието и во политиката, во креирањето на иднината и подобрувањето на квалитетот на жовотот. Кога пак, се вмешувале во заштитата на националните интереси и се впуштале во борба за Македонските работи, тие биле затварани, исмевани, понижувани. Време е да се промени тоа.

Дојдено е време да им направиме простор на тие Македонски великани и како луѓе и како големци секој во својата област, но и на секој еден добронамерник на Македонија, да застане пред нас или до нас и заедно да му се спротиставиме на уништувањето на се што е Македонско. Да му се спротиставиме на геноцидот и етноцидот кои ни се случуваа, на криминалот кој го прави власта, на се поголемото осиромашување на народот, на психолошкиот притисок и угнетувањето, на работите кои ни се грдо секојдневие.

Дојдено е време да престанеме да го вртиме погледот на страна, да се погледнеме во очи и секој од нас да го даде најдоброто од себе и да направиме се за Обнова на Македонија!
Само голем човек, каков што е Христијан Мицкоски, може да го препознае моментот, но и потенцијалот на Гордана Силјановска, Игор Дурловски, Сашко Кедев, Борко Ристовски, Гоце, Влатко, Јанко, Владимир, Даме и редица дриги големи Македонски умови и родољуби и да ги повика во заедничка обнова на Македонија!

Да се сплотиме сите кои ја сакаме Република Македонија, без разлика на нашата партиска или етничка определба и заедно да учествуваме во нејзината обнова. Обнова која ќе биде и тешка и мачна, но ќе биде вредна. Затоа што за Македонија се работи. За добра и посакувана иднина на Македонија, напиша на својот Фејсбук профил Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Република Македонија од секогаш имала големи луѓе, големи умови. Луѓе чесни и честити, патриоти, со отворен ум и…

Posted by Димитар Димовски on Thursday, October 3, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This