Како дојдовте така ќе си одите, со техничка Влада, му порача денеска пратеникот Илија Димовски на техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
Тој рече дека министрите за странски инвестиции, никој не може да им ги погоди имињата, и се заблагодари што дел од кадрите денес се појавиле со Собранието.
Димовски вели дека многу од министрите од власта веќе си бараат нов ангажман.
Тој не се сложува со Спасовски дека има реформи, напротив потсети дека многу убијци избегаа во затвор, дека во Скопје е небезбедно, дека не се градат автопатишта.