ДИМОВСКИ МУ ГО „ПЛЕСНА“ НА СУГАРЕВСКИ: Непријатно ми е да зборам со него за инфраструктура, нема ништо сработено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски испрати жестоки критики на адреса на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој според него премалку има сработено од областа на инфраструктурата, иако програмата на СДСМ пред избори беше преполна со ветувања.

-Оваа тема е многу слична со претходната, зборуваме за инфраструктура. Јас вчера кажав дека малку ми е непријатно да зборам со господинот Сугаревски за инфраструктура бидејќи ништо не е направено ама мораме да ги разгледаме работите за да констатираме што е направено. Системот на демократија и на изборно претставување подразбира покрај личниот кредибилет на луѓето и ветување што ќе се направи тоа едното со другото е во корелација. СДСМ на избори излезе со своја програма меѓу другото и за железничкиот сообраќај, ја има објавено на интернет, граѓаните може да ја видат, но и Владата на Република Македонија во која Горан Сугаревски беше избран за министер исто така имаше сегмент за железница, врз база на тие ветувања СДСМ доби одреден број на гласови, не победи, но врз база на некоја пост изборна манипулација во Собранието успеа да се дочепа на власт како секогаш изминативе години, вели Димовски.

СДСМ на избори пред три години вети повеќе работи во сегментот на железницата, ветија елекртификација на пругата Скопје-Кичево, оваа пруга не само што не е елктрифицирана туку две години на неа се одвиваше сообраќај,  ветија приградски патнички сообраќај во Скопје, ветија соларни железнички станици, брза пруга Табановце-Гевгелија, реконструкција Прилеп Битола, сето ова е ветенео, а нереализрано, нема обнова на возниот парк во железницата, нема железничко поврзување на Аеродромот Скопје со Скопје истакна Димовски.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This