Дипломатски ckaндал во Србија: Уaпceн син на дипломат, швepцувал мигрaнти во багажникот на службениот „мерцедес“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Син на пакистански дипломат во Букурешт беше уапсен денес во Србија, на граничниот премин Хоргош, под сомнение дека се обидел да прошверцува тројца мигранти од Бангладеш преку границата меѓу Србија и Унгарија во багажникот на службениот „Мерцедес“ на неговиот татко во сопственост на амбасадата.

Тој беше уапсен по повеќемесечна предистражна постапка спроведена од Обвинителството за организиран криминал во соработка со Службата за борба против организиран криминал и Агенцијата за безбедност-информација, објави Обвинителството, јави Танјуг.

Во соопштението на обвинителството се прецизира дека државјанин на Пакистан се обидел да им овозможи на споменатите мигранти илегално да ја преминуваат српската граница за пари, ставајќи ги во багажникот на дипломатското возило „Мерцедес“, тип „Ц250 Д“ со романски регистарски ознаки која е во сопственост на неговиот татко.

Мигрантите му предале пари на осомничениот со цел да им овозможат илегално да ја преминуваат границата , се вели во соопштението на обвинителството.

После тоа, возилото се упатило во правец на граничниот премин Хоргош кон Унгарија, каде со контролата на граничниот премин било утврдено дека во багажникот на возилото има скриени мигранти.

Пакистанецот е обвинет за кривично дело нелегално преминување на државната граница и криумчарење луѓе.

Полицијата му одредила притвор и со кривична пријава е однесен во Вишото јавно обвинителство во Суботица, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This