Директорот на Комунална хигиена ја пречека Новата година заедно со работниците од третата смена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, ја помина новогодишната ноќ заедно со работниците задолжени за одржување на хигиената на скопските улици и јавни површини.

„Зад нас е една исклучително тешка година на глобален план. Вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје дадоа огромен придонес во спречувањето на ширењето на пандемијата на вирусот Ковид-19, реализирајќи голем број вонредни мерки и активности. Својата благодарност за нивниот труд се обидов да им ја изразам пречекувајќи ја новата година во нивно друштво, на улиците на нашиот град, каде што тие секојдневно во три смени ја одржуваат хигиената и чистотата на највисокото можно ниво. ЈП Комунална хигиена-Скопје им ги честита новогодишните празници на сите жители на градот Скопје, посакувајќи им добро здравје и многу успеси на секој план.” – изјави директорот Шабани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This