Директорот на „Invest in North Macedonia“ Вулнет Адеми потрошил 46.000 евра за 10 месеци, пренесува Вечер.
Од март до декември 2018 година, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз – „Invest in North Macedonia“ Вулнет Адеми, потрошил 2,821,475 денари или околу 46 илјади евра.
Најголемиот дел од сумата се потрошени на угостителски услуги во земјава, во странство и во хотели, а не се малку ни сумите за другите трошоци како што се авионски билети, гориво за патувања, телефон и друго.
За “Угостителски услуги во земјата” Адеми потрошил највеќе, и тоа 668,100 денари, или речиси 11 илјади евра…Ако се пресметаат само работните денови во овие 10 месеци излегува дека Адеми трошел дневно по околу 209 евра или речиси 13000 денари за 24 часа колку што изнесува минималната месечна плата.