ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ГОСТИВАР: Му ја урнале куќата бидејќи е Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Урнат ѕид на семејна куќа, искршено ветробранско стакло на автомобил, навреди и закани дека ќе бидат убиени. Две стари и тешко болни лица со ужаснување ја раскажуваат мачната приказна за тортурата која со години, секојдневно ја преживуваат во својот роден Гостивар и тоа директно од општинската власт, која, како што тврдат, напросто сака да ги избрка од доминантно албанското соседство. Неодамна, на иницијативна од нивните соседи, а по наредба на градоначалникот Таравари, насилно и незаконски им бил урнат ѕид во внатрешноста на дворното место, а со објаснување дека токму таму, во нивниот двор мора да поминува улица.

Најголемиот апсурд, вели Радичевски, е во тоа што ѕидот бил урнат во истиот момент додека Таравари му ветувал дека никој не смее ниту да помисли да интервенира врз неговиот приватен имот.

Во одбрана на својот дом и достоинство Радически и неговата сопруга, биле нападнати од бројна толпа луѓе, а полицијата, како и повеќепати претходно, освен што прави записник не презема ништо за да ги заштити овие луѓе од вандалското однесување на нивните соседи.

Градоначалникот Таравари не одговора на нашите телефонски повици а неговиот портпарол е на одмор. Од канцеларијата за економски развој на Гостивар пак ни одговорија дека ѕидот на Радичевски бил бесправно изграден на земјиште на Општината и дека по неколку месечни молби тој самиот да го отстрани, бил урнат од градежна фирма која се занимава со таква дејност. Ги негираат неговите наводи дека бил мета на напад и на закани на национална основа и велат дека напротив, постојат докази дека токму тој ги навредува своите соседи.

И покрај се Радически не се откажува. Бара да му се надокнади направената штета и вели дека ќе ја продолжи борбата за опстанок на родното огниште по секоја цена.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This