ДИШЕМЕ ОТРОВ: Загаденоста во Лисиче и Куманово повторно опасна по здравјето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загаденоста на воздухот во скопската населба Лисиче и во градот Куманово е екстремно висока и претставува опасност по здравјето на граѓаните.

 

Синоќа во Лисиче концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше над 300 микрограми на еден кубен метар, од максимално дозволените 50.

И Кумановци вчера дишеа премногу загаден воздух каде се измерени 220 мг/м3.

Иако во овие населени места синоќа беше најзагадено, воздух опасен по здравјето дишат граѓаните од повеќе скопски населби и поголем дел од градовите.

Токму аерозагадувањето придонесе да се наполнат болниците со пациенти кои се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии. Поради ширењето на загадениот воздух според податоците на Институтот за јавно здравје годишно умираат над 1000 луѓе.

Додека беше опозициска партија СДСМ жестоко ја критикуваше претходната влада поради загаденоста на воздухот. Во предизборието главното ветување кое Заев и сопартијците им го даваа на граѓаните е чист воздуг. СДСМ е на власт веќе 6 месеци, а загаденоста достигнува рекордни размери. Од “чистиот воздух“ -ништо.

Наместо конкретни мерки, централната власт молчи, а локалната власт препорачува граѓаните да си седат дома. Градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев од СДСМ, мандатите ги започнаа со сечење на дрва.

Загадениот воздух ни ги крати животите за 4 години

Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје предупредува дека Скопје е водечки град во Европа според загадувањето со помалите и поопасните ПМ 2.5 честички и дека во Скопје секој трет умира од загадениот воздух. Во просек, аерозагадувањето го крати животниот век за најмалку 4 години.

Загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Тетово, Куманово и ширум Македонија не е само криза, туку е елементрана непогода како пожар или поплава. Полоша непогода дури од поплавата во Стајковци каде, за жал, загинаа 21 граѓанин. Светска Банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух гинат 1.350 граѓани годишно, што значи дека ни се случуваат над 60 „Стајковци“ годишно. Во просек четворица граѓан(к)и гинат дневно заради загадениот воздух. Намерно го користам терминот „гинат“ бидејќи тие се жртви на оваа елементарна непогода. Светска Банка ја рангира Македонија на петто место во Европа според најмногу смртни случаи заради загадување со ПМ честички, со што се прави економска загуба од €253 милиони годишно или 3.2% од БДП.

ПМ10 претставуваат мали честички со дијаметар од 10 микрометри кои се пет до десет пати помали од дијаметарот (дебелината) на човечкото влакно. Според Агенцијата за заштита на животна средина на САД, честичките помали од 10 микрометри се уште поопасни бидејќи се вгнездуваат длабоко во белите дробови и можат да навлезат дури и во крвотокот и да предизвикаат негативни здравствени ефекти како предвремена смрт кај лица со срцеви и белодробни заболувања, неправилно работење на срцето, влошена астма и намалена функција на белите дробови. Најновите истражувања покажуваат дека загадениот воздух предизвикува и деменција и алцхајмер.

Чувствителни групи со претходно постоечки белодробни или срцеви заболувања, како и стари лица и деца се особено ранливи. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишат, а со тоа и побрзо внесуваат загадени материи во телото. Според анализа на Институтот за јавно здравје при Министерството за здравство, секое второ дете кое побарало лекарска помош во 2015 година имало респираторни проблеми. Аерозагадувањето го намалува имунитетот на децата и ги прави подложни на хронични болести. На пример, во Пелагонискиот регион до 2012 година имало преку 200 деца заболени од малигни тумори. Во последните шест месеци уште пет деца заболеле од рак во Битола и граѓаните во Битола вперуваат прст кон загадениот воздух како главен фактор.

Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје предупредува дека Скопје е водечки град во Европа според загадувањето со помалите и поопасните ПМ 2.5 честички и дека во Скопје секој трет умира од загадениот воздух. Во просек, аерозагадувањето го крати животниот век за најмалку 4 години.

Според неофицијалните податоци од апликацијата МојВоздух во 2016 година, најзагадена општина во Македонија е Тетово со 269 денови со надминување на среднодневна гранична вредност на ПМ 10 честички која изнесува 50 микрограми на метар кубен (50mg/m3). Следуваат Гази Баба со 157 денови, потоа Кичево со 144 денови, Лисиче – 137 денови, Ректорат (УКИМ) со 124 и Куманово со 123 денови. Дозволениот број на надминувања годишно е 35 денови.

Според студијата што ја објави Град Скопје, главни причинители на аерозагадувањето со ПМ 10 честички во Скопје се: 1) загревањето на домаќинствата со 32%; сообраќајот со 20%; прашината од градежните активности со 19%; индустријата – 18% итн. Надлежните секоја година најавуваат сериозни мерки за справување со загадувањето, меѓутоа сведоци сме дека аерозагадувањето со ПМ 10 честички оваа зима достигна и до 20 пати над дозволената граница во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This