Дневен хороскоп: Скорпиите со финансиска добивка, вагите ќе уживаат во секој момент од денот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен: Љубов: Ве привлекуваат образовани партнери. Не сакате да бидете со некои кои не вредат за вашето внимание. Работа: Нема да водите кампања, туку сериозно ќе пристапите на обврските. ЌЕ бидете наградени за вложениот труд. Здравје: Без проблеми.

Близнаци: Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа денеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Работа: Ви се оди некаде, но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје: Бидете поодговорни.

Рак: Работа: Сакате да работите и да заработувате. Сакате да покажете што знаете, и отворено да соработувате со своите партнери. Љубов: Ве привлекуваат партнери кои сакаат да бидат самостојни. Сакаат пари и сакаат да се отворат во емотивен сегмент. Здравје: Немате на што да се пожалите денеска.

Лав: Љубов: Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Работа: Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје: Оние кои се движат на работа, ќе уживаат во секој момент.

Девица: Работа: Кога е во прашање приватната работа, очекувајте многу ангажман. Кога е финансиската страна во прашање, бидете спокојни, ќе бидете во добра ситуација. Љубов: Привлекувате проблематични партнери кои се под голем притисок. Здравје: Проблеми со дигестивниот тракт.

Вага: Љубов: Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами, препуштете им се на чувствата и изразете ги. Работа: Имате потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје: Не анализирајте ги своите заслуги.

Шкорпија: Љубов: Некои ќе измислат поетски зборови, со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Работа: Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје: Мали проблеми со циркулацијата.

Стрелец: Работа: Доколку сте чекале на промени на работното поле, ќе бидете задоволни. Ситуацијата ви доаѓа до пресврт. Љубов: Пред вас е поволен ден за емоции. Очекувајте дека убаво ќе се сложувате со партнерот. Здравје: Посетете забар.

Јарец: Работа: Ако видите дека некои работи нема да ви се исплатат, слободно исфрлете ги. Земете залет со оние кои веќе доволно добро сте ги разработиле. Љубов: Денеска може да бидете конкретни во својот емотивен живот. Доколку ви се допаѓа еден Овен, може да добиете многу. Здравје: Крвната слика не ви е лоша.

Водолија: Работа: Кога е работната соработка во прашање со личноста која долго време е до вас, може да дојде до остри критики. Љубов: Подготвени сте да ви се случи нова љубов, затоа што имате што да понудите на својот партнер. Здравје: Солидно здравје.

Риби: Работа: Ќе бидете лошо расположени, затоа што некои случаи нема да се одвиваат онака како што сте размислиле.
Љубов: Имате доста интиутивен партнер и не морате да докажувате, кога се емоциите во прашање. Здравје: Стопалата ви се слаба точка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This