Дневен xopockoп за четврток, 08.04.2021: Овенот го губи трпението и ги менува критериумите, Pakoт пред романтична средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен
Љубов:
Во средбата со саканата личност, не сакате да ги менувате вашите критериуми, но ново убедување ве носи на граница на трпеливост.
Работа:
Имате добри идеи, но некој го ограничува вашето деловно влијание. Вие сте во неблагодарна позиција да молчите за тоа што го мислите.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација.

Бик
Љубов:
Користете го вашиот шарм и одговорете на нечиј повик или порака. Ќе уживате во новата средба.
Работа:
Покажете и на вашата околина дека имате различни способности кои гарантираат заеднички успех.
Здравје:
Емоционалната афирмација во вас предизвикува нова сила.

Близнаци
Љубов:
Нема причина да ги преувеличувате вашите потреби во средбата со саканата личност. Не можете лесно да промените нечие мислење.
Работа:
Непромисленоста или мислата да бидете пред другите, ја рефлектираат вашата потреба за доминација и суета.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.Рак
Љубов:
Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Новата средба може да се претвори во „подобар дел од реалноста“.
Работа:
Започнувате со погрешни информации, па вашите предвидувања изгледаат неубедливи. Прифатете добронамерна критика.
Здравје:
Нема потреба да се оптеретувате со „тешки теми“.

Лав
Љубов:
Обидете се да разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговори на вашите потреби. Бидете стрпливи.
Работа:
Ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со соработниците. Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери.
Здравје:
Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа.

Девица
Љубов:
Покажете повеќе разбирање и нежност кон вашата сакана личност. Фалењето може да ви направи дополнителна непријатност.
Работа:
Нема причина да ги мистифицирате вашите деловни планови или да игнорирате нечие присуство.
Здравје:
Овозможете си некои убави ситници, како поттик за добро расположение.Терезија
Љубов:
Партнерот има различни идеи, почекајте да ги видите неговите грешки. Не можете некому да наметнувате мислење и волја.
Работа:
Се однесувате амбициозно, но и нескромно во своите изјави. Треба да почитувате нечие мислење кога одлучувате за деловни и финансиски интереси.
Здравје:
Обрнете внимание на омиленото хоби, опуштете се.

Скорпија
Љубов:
Потребно ви е нечие присуство и внимание. Само личност која е емотивно блиска до вас може да ве расположи на вистински начин.
Работа:
Имате добар план, но има ненадејни ситуации што ве спречуваат да ги реализирате сите ваши деловни намери.
Здравје:
Избегнувајте премногу напорни и стресни ситуации, опуштете се.

Стрелец
Љубов:
Немате емоционална поддршка, но не сакате гласно да побарате нечие внимание. Прикривајќи ја својата „слабост“, ја зголемувате вашата несигурност.
Работа:
За да го зачувате вашето достоинство во друштво на соработниците, бидете за нијанса поинакво и доволно храбри да се соочите со нивните барања.
Здравје:
Вечерта избегнувајте непотребна возбуда или стресни ситуации.Јарец
Љубов:
Наместо непотребно морализирање и проповедање за разни ситници, обидете се да разубавите нечие расположение.
Работа:
Постојат деловни дијалози што не треба да ги правите од влијанија или на основа на првиот импулс. Неопходна е соработка за понатамошна афирмација.
Здравје:
Ќе ви годи диетална исхрана и престој во природа.

Водолија
Љубов:
Нема причина да играте каква било двојна улога или да прикривате дел од вистината. Не можете да го измамите вашиот партнер.
Работа:
Ако вашите деловни и финансиски цели не се вклопуваат во заедничките интереси, не бидете суетни или несериозни.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана и подобра здравствена заштита.

Риби
Љубов:
Нема причина „емотивно да се уценува“ некој близок, на таков начин постигнувате само спротивен ефект.
Работа:
Важно е да изберете улога што одговара на вашиот интерес и работа што носи материјални придобивки.
Здравје:
Слободно прифатете ги предизвиците што ве поттикнуваат да се изразите креативно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This