ДНЕВНА ТАРИФА, АМА ЗА ДА ЈА КОРИСТИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СИ ВРАБОТИТЕ ПОМОШНИК: Враќањето на дневната евтина тарифа е популистичка мерка и нема да влијае врз семејниот буџет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата на Јован Митревски од СДСМ, наведува дека СДСМ во наредната година, наместо да ја намали, ќе ја зголеми цената на струјата.

– До тогаш граѓаните ќе плаќаат сметки, исти како и досега. Доколку трошат повеќе, сметките ќе бидат повисоки, а доколку трошат помалку сметките ќе бидат пониски. Со најавената либерализацијата на пазарот на увозот на електрична енергија, сметките за струја што ќе ги добиваат граѓаните ќе бидат повисоки и тоа за 20 отсто, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Заев сакаат да го искористат моментот пред избори и да ги излажат граѓаните уште еднаш. – Знаат, додаваат, дека станува збор за популистичка мерка која нема да има никакво влијание врз семејниот буџет. Знаат дека сметките ќе бидат исти и затоа ја најавуваат сега, пред избори, бидејќи сметката за електрична енергија која што ќе биде иста ќе стигне после изборите, стои во реакцијата.

Посочуваат дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде нов голем удар по буџетот на граѓаните, од кој според нив ќе имаат кроист само лоби групите блиски на СДСМ кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електична енергија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This